Осумте банки што се вклучија во проектот "Купи куќа, купи стан" ќе примаат барања за субвенционираните станбени кредити до 31 мај годинава. Рокот се пролонгира за три месеци откако приватните градежни компании забележаа дека до крајот на месецов граѓаните не можат да ги соберат потребните документи за да аплицираат за кредит, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески го прифати тоа, а Владата на завчерашната седница го одобри. На тој начин Владата им излезе во пресрет на граѓаните чиј интерес за поднесување апликации беше голем, но им требаше повеќе време, како и на градежните компании кои, поради лошите временски услови и процедурата за обезбедување на документацијата, а бараа пролонгирање на рокот. На седницата на која ја донела оваа одлука, Владата решила и да се скрати рокот за одобрување на кредитите.
Осумте банки што се вклучија во проектот "Купи куќа, купи стан" ќе примаат барања за субвенционираните станбени кредити до 31 мај годинава.
Рокот се пролонгира за три месеци откако приватните градежни компании забележаа дека до крајот на месецов граѓаните не можат да ги соберат потребните документи за да аплицираат за кредит, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески го прифати тоа, а Владата на завчерашната седница го одобри.
- На тој начин Владата им излезе во пресрет на граѓаните чиј интерес за поднесување апликации беше голем, но им требаше повеќе време, како и на градежните компании кои, поради лошите временски услови и процедурата за обезбедување на документацијата, а бараа пролонгирање на рокот - информира вчера Ставрески.
На седницата на која ја донела оваа одлука, Владата решила и да се скрати рокот за одобрување на кредитите. За да можат граѓаните побрзо да ја реализираат постапката и да го добијат станот, а и на градежните компании да не им бидат врзани становите за кои се склучени преддоговори или е даден капар, Владата донела одлука барањата да се одобруваат на месечна основа. Исто така, прецизирани се и деталите околу кредитите за доградбите, кои беа вклучени во проектот во последен момент, пред стартот на аплицирањето. За да се поедностават условите сега се овозможува кредит да се бара без пренос на сопственоста над објектот од родител на син или ќерка, туку само со пренос на правото на градење, заверен на нотар.
- На тој начин синовите или ќерките ќе можат да доградуваат кат или повеќе на куќата во која живеат во заедница со родителите. Има два услова - за прв пат да го решаваат станбеното прашање, односно да немаат сопствен стан или сопствен дел од таа куќа и кај нотар да заверат договор за пренос на правото на градење - објасни Ставрески.
Бидејќи проектот е на самиот почеток, во тек е првата фаза, министерот не дава податоци за тоа колку апликации се поднесени во банките досега, но вели дека е долгорочен, ќе трае четири години, па целосна информација ќе може да се добие наесен, кога ќе се искористат средствата. Дали по овој, годинава ќе има и втор циклус на поднесување барања ќе зависи од тоа кога и колку ќе се искористат средствата предвидени во буџетот. Ако во првиот циклус што ќе трае до крајот на мај се искористат предвидените четири милиони евра, ќе се оцени дали во буџетот ќе има можност да се обезбедат дополнителни.
- Следните години со сигурност ќе има дополнителни средства, односно во секој буџет ќе има такви средства, така што се зависи од околностите, треба да видиме како ќе заврши првиот циклус - вели Ставрески.
Со банките е договорено граѓаните да можат да го отплатуваат кредитот и пред истекот на предвидените 20 години без да им плаќаат пенали. Но, во тој случај на државата ќе мора да и ги вратат субвенциите што ги добиле, зашто таргетот на проектот се граѓаните кои немаат доволно финансиска моќ за да дојдат до сопствен дом. Тие пари ќе се вратат во проектот и со нив ќе се субвенционираат кредитите на други граѓани кои ќе аплицираат.